Повеќето републиканци се убедени дека се лажни тврдењата за нападот на Капитол

Повеќето приврзаници на Републиканската партија и на поранешниот претседател Доналд Трамп се убедени дека се лажни тврдењата во медиумите за безредијата на Капитол Хил на 6-ти јануари пред потврдувањето на победата на неговито демократски ривал Џо Бајден.

Три месеци откако медиумите ги обвинија привзаниците на Трамп, повеќе од половината републиканци се убедени дека упадот во Конгресот бил главно ненасилен и покрај двете директни жртви и три кои не се поврзани со насилство или, пак, дека левичарските активисти кои претходно учествуваа во насилствата на антирасистичките протести ширум САД, и дека на тој начи се сака да се „прикаже Трамп во лошо светло“, според резултатите од анкетата на Reuters и Ipsos.

Шест од десет републиканци, исто така, веруваат во вистинитоста на тврдењето на Трамп дека претседателските избори од 3-ти ноември му се украдени со изборна измама, а исто дел од републиканците сметаат дека повторни треба да се кандидира во 2024 година, покажува истражувањето на Reuters/Ipsos од 30-ти до 31-ви март.

Во неодамнешното интервју за Fox News, Трамп изјави дека демонстрантите не претставувале никаква закана. Други влијателни републиканци, како што е сенаторот Рон Џонсон од Висконсин, јавно го доведуваат во прашање тврдењето на демократите и мејнстрим медиумите дека зад безредијата на Капитол Хил стоеле приврзаниците на Трамп.

Минатиот месец дванаесет републиканци во Претставничкиот дом гласаа против резолуцијата поднесена од демократите со која требаше да им се одаде почест на полицајците кои „го бранеле Капитол“, а имаше и противење и на настојувањето за употреба на зборот „бунт“ за опишување на инцидентот.

Од друга страна 59 отсто од сите анкетирани, што значи и демократи и наводно неопределени, од кои само тројца од 10 се републиканци, сметаат дека Трамп има одредене одговорност за инцидентот на Капитол. Осум од 10 демократи и шест од 10 ткн независни, ги отфрлиле тврдењата дека случувањата на Капитол Хил биле „главно мирни“ или дека ги извеле левичарските активист.

Според податоците од оваа анкета, Трамп и натаму е најпопуларната личност во Републиканската партија. Осум од десет републиканци и натаму имаат позитивно мислење за поранешниот претседател.

Интернет анкетата на Reuters и Ipsos била спроведена, како што се наведува, на англиски јазик ширум САД, во периодот од 31-ти до 31-ви март кога биле испитани 1.005 Американци.