Повеќето републиканци сметаат дека Трамп е подобар лидер од Линколн

Повеќе од половина од републиканците, 53 проценти од анкетираните, сметаат дека Доналд Трамп е подобар лидер од Абрахам Линколн, покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Економист/ЈуГов.

Само 47 проценти од републиканците сметаат дека политичар кој победил во Граѓанската војна и го укинал ропството направил подобра работа во Белата куќа.

Вкупно 75 проценти од сите Американци, од кои 94 проценти се демократи, сметаат дека Линколн е подобар од Трамп.

Истата анкета покажува дека 90 проценти од републиканците веруваат дека Трамп, за кого дури и приврзаниците признаваат дека има проблем со изнесување на вистината, прави добра работа како претседател на државата.