Повеќето земји во ЕУ се за тестирање на патниците од Кина

December 27, 2022. REUTERS/Tingshu Wang

Големо мнозинство земји во Европската унија се изјаснија во вторникот за систематско тестирање на парници од Кина на Covid-19 пред нивното тргнување за Европа, соопштија од европската комисија.

Кинеските, и надворешни и внатрешни административни граници меѓу покраините и областите, беа речиси целосно затворени за странците од почетокот на 2020 година, набрзо откако беше идентификуван коронавирусот SARS-Cov-2 во централниот град Вухан. Повторното отворање на границите ги зголемува можностите за враќање на бројните кинески туристи ширум светот кои во оваа индустрија придонесуваат со 255 милијарди долари годишно на глобално ниво.

Епидемијата на Covid-19 експлодираше во Кина, но вистинските димензии не е возможно да се одредат, призна во средството тамошното министерство за здравство, бидејќи тестовите повеќе не се задолжителни во рамките на мерките со коишто владата во Пекинг одговори на барањата на западните трговски партнери и на протестите во неколкуте големи градови индустриски центри поради дотогаш строгите епидемиолошки мерки со кои беше отежнато движењето.

Мерката за тестирање на патниците од Кина е дел од препораките на стручниот штаб за здравство на 27-те земји членки на ЕУ, односно Комисијата за здравствена безбедност, и за неа во среда ќе биде дискутирано на состанокот на кој треба да биде подготвен координиран одговор на ЕУ на острото зголемување на бројот на новозаразените во Кина.

Стручњаците во вторникот проучувале други мерки што ги предложила Европската комисија, во прв ред воведување задолжително носење маски за патниците од Кина, контрола на отпадните води од авионите и засилено тестирање со секвенционирање на геномот при доаѓањето на аеродромит за да се откријат нови можни варијанти на коронавирусот.

Од Европската комисија истакнаа дека мерките мора да бидат насочени на овие летови и аеродроми кои претставуваат најголем ризик и ќе биде спроведувана координирано во рамките на ЕУ „за да се гарантира нивната ефикасност“.

На состанокот на европскиот механизам за реагирање на кризи на политичко ниво IPCR, кој ќе биде одржан во среда, би можело да бодат донесени препораки кои потоа ќе ги потврдат земјите членки.

Кина претходно во вторникот го осуди задолжителното тестирање на Covid-19 кој веќе го воведоа десетина земји во светот, меѓу првите САД и Јапонија, по кои следеа и три земји од ЕУ, за патниците кои доаѓаат од кинеските аеродром, предупредувајќи дека може да возврати со противмерки.

Откако на почетокот од декември Кина се откажа од „нултата стапка на коронавирусот“, на што се припишува зголемувањето на бројот на заразените во земјата а во недела ќе ја укине и задолжителната изолација за патниците од странство, што во прв ред го бараа западните земји за да им се овозможи на нивните деловни луѓе непречено да ги водат своите бизниси во кинеските погони.

Во ЕУ, загрижени поради наводната „недоволна транспарентност“ на официјалните податоци од Кина за бројот на заразените и стравувајќи од нови варијанти на коронавирусот, не реагираа единствено, туку Италија и Шпанија еднострано се решија за тестирањата.

Централниот здравствен орган на Европската унија – Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ECDC), соопшти дека не очекува дека растот на случаите на коронавирусот во Кина ќе влијае на епидемиолошката ситуација во Европа.

„Варијантите кои циркулираат во Кина веќе се присутни и кружат во Европската унија и како такви не претставуваат предизвик за имуносен одговор на граѓаните на Европската унија и Европскиот економски простор (ЕЕА). Дополнително постои релативно висок имунитет и стапка на вакцинираност меѓу граѓаните на ЕУ и ЕЕА“, беше истакнато во соопштението за јавноста.