Бостон Селтикс во првиот натпревар од доигрувањето во Источната конференција во НБА лигата синоќа дома со 84:74 ги надиграа Индијана Пејсерс.
Индијана во првите осум и пол минути од второто полувреме не постигна кош од игра, а во третата четвртина Бостон ја надигра со 26:8. Четвртопласираните Селтикс ги предводеа Кајри Ирвинг и Маркус Морис со по 20 коша, додека најдобар стрелец кај Индијата беше Кори Џозеф со 14 погодоци.
Првата екипа во Источната конференција, Милвоки Бакс лесно со 121:86 ги победија Детроит Пистонс, а до победата да ги предводеше Јанис Антетокунмпо со 24 поени, 17 скокови и четири асистенции. Џорџ Хил додаде 16 кошеви за Бакс кои на полувремето имаа преднсот од 27 коша.
Хјустон Рокитс, исто така, лесно го отворија доигрувањето, кои во првиот меч од Западната конференција дома со 122:90 беа подобри од Јута Џез за водство во 1:0 во серијата. Џејмс Харден и Клинт Капела постигнаа двајцата „дабл-дабл“. Харден постигна 29 коша со 10 асистенции и 8 скокови, а Капела додаде 16 коша и 12 скокови. И центарот на Џез, Руди Гоберт, дојде до „дабл-дабл“ со 22 уфрлувања и 12 скокови.
Портлант Трејл Блејзер, исто така, поведоа во серијата до четири победи, дома ги совладаа со 104:99 Оклахома Сити Тандер на кои не им помогна ниту „трипл-дабл“ на Расел Вестбрук. Демиен Лилард постигна 30 коша, а Си Џеј Малком додаде 24 за Блејзерс кои во првото полувреме имаа предност од дури 19 поен. Пол Џорџ беше најдобар стрелец кај Оклахома со 26 коша и 10 скокови, а Расел Вестбрук додаде 14 коша, 10 скокови и исто толку асистенции за Тандерс.