Повеќе од 40 мртви во верски судири во Јемен

Повеќе од 40 луѓе се убиени во верско насилство меѓу сунитските исламистички екстремисти и силите на бунтовниците од северот на Јемен, кои припаѓаат на шиитите, соопштија официјалните лица.

До судирите дошло кога ултра конзервативните салафити го презеле упориштето на шиитските бунтовници во планините на границата со Саудиска Арабија.

Двете страни пукале со артилериско и минофрлачко оружје во градот Ел Фага.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.