Повеќе од половина од угостителите не издаваат фискални сметки

Управата за јавни приходи на Србија соопшти дека половина од исконтролираните објекти не издаваат фискални сметки.

Даночните инспектори минатата недела поминале 262 даночни обврзници кои се бават со угостителство и утврдиле неправилности во 150 случаи, што е 57 отсто од вкупниот број на контроли.

Против угостителите кои не издале фискални сметки, ќе биде покрената прекршочна постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.