Повеќе бизнисмени платиле над 5 милиони евра рекет кај ‘Боки 13’ и Катица Јанева

Повеќе македонски бизнисмени во изминатиот период платиле повеќе од пет милиони евра рекет на групата којашто ја сочинува Бојан Јовановски, попознат како Боки 13-ка, прв човек на телевизијата 1ТВ, бизнисменот Зоран Милевски Кичеец и шефицата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, дознава Економски Лидер од извори од истрагата.

Според сознанијата, жртва рекетот со кој занимавала групата, не бил само бизнисменот Јордан Орцер, Камчев кој случајот го пријавил во полиција. Освен Камчев, биле рекетирани и десетици други бизнисмени и компании кои платиле рекет вреден над пет милиони евра. Дел од нив, кои ѝ се познати на редакцијата на „Лидер“, ќе ви ги откриеме подоле во овој текст. Како што тврди нашиот извор, постои интенција ОЈО да го прошири случајот за обвинителско-медиумски рекет, но од високи политички кругови овој процес се блокира, затоа што во него сигурно ќе настрада Јанева, но и најмалку двајца други високи функционери на владејачката СДСМ.

Извори од ОЈО за „Лидер“ брифираат дека при синоќешниот претрес, во компјутерот на Јовановски биле пронајдени компромитирачки материјали за педесетина познати бизнисмени, а имало и снимки со приватна содржина од сексуални односи. Како што дознаваме, во истрагата сомнително е што голем дел од материјалите кои ги поседувал Боки 13 се во формат кој алудира дека се извлечени од МВР.

Ова носи индиции дека во рекетот биле вклучени високи функционери на власта кои се поврзани со безбедносните служби, за што пишуваше и новинарот Бранко Героски, кој алудираше на функционерката со кодно име „ФРИКИ”. Освен со материјали од СЈО, рекетот се вршел и со материјали извадени од МВР и Финансова полиција.

Како што дознаваме од извори во ОЈО, истрагата треба да се прошири и ќе се побараат искази од други бизнисмени, затоа што по текот на парите се утврдило дека обвинителско-медиумската група собрала пари од нив.

Неофицијално од извори од истрагата дознаваме деа оваа група изрекетирала пари од печатницата „ЕВРОПА 92″, чиј сопственик Ратко Димитровски платил500.000 евра за СЈО да му го врати пасошот и да го стопира прогонот во случајот „Поштенска Банка”..

Нашиот високо-позициониран извор од истрагата, тврди дека за истиот случај, бил изрекетиран и сопственикот на компанијата „НОЕЛ” од Гевгелија, Томе Главчев, кој платил рекет вреден неверојатни 1 милион евра, за Катица Јанева и СЈО.

Како што дознаваме од извори во истрагата, жртва на рекет на обвинителско-медиумската групација бил и Дејан Панделески, газдата на „Лозар Пелистерка”, кој исто како и Орце Камчев беше дел од случајот „Империја” и исто како Камчев беше ослободен од притвор и му беше вратен пасошот. За оваа услуга од СЈО, според нашиот извор од истрагата, Панделевски платил 1.5 милиони евра.

Текот на парите наведува дека рекетиран бил и бизнисменот Владимир Тодоровиќ од „ТИНЕКС”, од кого оваа група извлекла 200.000 евра. Но Тодоровиќ јавно говореше, дека овие пари ги дал како бизнис соработка, а не како рекет.

Во обвинителските кулуари, орбитира информацијата дека жртва бил и Сиљан Мицевски кој наводно платил рекет од 2 милиони евра, за да не биде поврзан со некој од случаите на СЈО.

Жртва на рекетот била и компанијата Трим и Лум од Струга, која наводно платила 800.000 евра.

Се очекува во наредните денови сите овие бизнисмени да сведочат за овој рекет, а освен нив, орбитираат и имињата на Зоран Азманов од „НАСТЕЛ”, кој јавно проговори дека бил рекетиран.