Дури и во земјите каде што сообраќајната култура е на високо ниво и се популарни електричните велосипеди, тие одвај сочинуваат неколку проценти од вкупниот број велосипеди, а сообраќајните стручњаци предупредуваат дека нивниот удел во сообраќајните несреќи е несразмерно голем.
Според истражувањето кое е спроведено за потребите на една од најголемите осигуратлени компании „Alianz“, опасноста од несреќа со фатални последици е трипати поголем на електричните отколку на конвенционалните велосипеди. И тоа се однесува на сите возрасни групи.
На пример, се претпоставува дека во Германија има 77 милиони велосипеди, а од тоа четири милиони се електрични или малку помалку од пет отсто, според податоците на тамошното министерство за сообраќај. Но бројот на загинатите луѓе кои управувале електрични велосипеди изнесува 18 отсто од вкупниот број велосипедисти.
Можеби ова е така бидејќи велосипедистите кои управуваат електрични велосипеди минуваат повеќе километри, се прашувале експертите. Но истражувањето покажува дека електричните велосипеди се поопасни и на еднаква мината дистанца.
Статистиките упатуваат на тоа дека на милијарда минати километри гинат 11,64 возачи на електрични велосипеди во споредба со 8,96 загинати на обичните велосипеди.
Истражувањето се однесува на електричните велосипеди кај кои максималната дозволена бризна е 25 километри на час.