Повеќе од 300 мигранти спасени кај Шпанија

Шпанската поморска служба за спасување соопшти дека повеќе од 300 мигранти биле спасени викендов додека  се обидувале да го преминат Средоземното Море.

Во изјавата се вели дека 160 мигранти биле спасени вчера од шест чамци и уште 172 мигранти со четири брода во Гибралтарскиот мореуз.

Според податоците на ОН, 34.994 мигранти пристигнале во Шпанија од почетокот на годината, но 1.565 луѓе загинале обидувајќи се да го преминат Медитеранот.