Повеќе од 52 возачи казнети за брзо возење во Скопје

Во зајакната акциска контрола Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во периодот од 06.00 до 24.00 часот откри 52 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина.
На подрачјето на Град Скопје откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 36 мандатни платни налози и 22 прекршочни платни налози.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје вчера спроведе и акциска контрола за откривање прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што откриени се 20 прекршоци. Откриени се, соопшти денеска МВР и два останати прекршоци за кои се издадени исто толку прекршочни платни налози.