Повеќе од милијарда евра народни пари за тендери

Список на компании кои добивале државни тендери, но и државни институции, кои ги распишувале тендерите, објавен е на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Списокот го објави Игор Трајковски, сопственик на порталот time.mk, на својот профил на „Фејсбук“. Тој во објавата пишува дека списокот е всушност сумирани податоци од Електронскиот систем за јавни набавки, и тоа за период од 12.1.2015 до 12.2.2018 година

Според вредноста на добиени државни тендери, на врвот е компанијата ГРАНИТ АД-Скопје, која заработила 56.627 милиони евра. Оваа компанија доминираше и на листата на најмногу добиени државни тендери во периодот од 2010 до 2014 година.

Со оглед на тоа што најголемите договори се склучувале за градежни активности, на листата првите три компании кои богато се офајдиле од народни пари, следуваат Друштво за градежништво и услуги РАПИД БИЛД ДОО Куманово, на кое му се исплатени 53.328 милиони евра, и Друштво за градежништво, трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО Скопје, со 49.542 милиони евра.

Веднаш зад нив е Акционерско друштво за производство на лекови, медицинска опрема и материјал, промет и услуги Д-Р ПАНОВСКИ Скопје со заработени 36,525 милиони евра.

Од друга страна, пак, Министертсвото за здравство, последните три години е прво на листата на државни институции кои имаат дадено најмногу пари на јавни набвки, односно има склучено договори во вредност од дури 105.447 милиони евра.

Големи суми за јавни набавки, покрај Министертсвото за здравство, одделно имаат потрошено и ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ Скопје, 27.082 милиони евра,  ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар – Скопје, 19.716 милиони евра, ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија 16,367 милиони евра, и Клиника за кардиологија – Скопје 13.363 милиони евра, како и други здравствени установи во државата.

Во подолните линкови може да се погледнат списоците.

Листа на државни институции со највредни тендери 

Листа на компании кои земале најмногу пари од државни тендери

Листа институција/компанија