Повеќе од половината Германци исламот го доживуваат како закана

Foto: Clemens Bilan/ddp

И покрај зголемената толеранција кон светските религии, повече од половината Германци го доживуваат исламот како закана, покажува студијата на фондацијата Bertelsmann, објавена во четвртокот.

„И покрај фактот дека 87 отсто од испитаниците се отворени за поинаквите погледи на светот, само една третина исламот го доживува како збогатување“, прозилеггува од студијата под наслов „Верски монитор“ на споменатата фондација. Другите религии во многу поголема мера се доживуваат како збогатување.

Според оваа студија 52 отсто од испитаниците исламот го доживуваат како закана. Недовербата кон припадниците на исламската вероисповед, како што укажува ова испитување на јавното мнение, „со години е на стабилно високо ниво“.

Забележлив е фактот дека одбојноста кон исламот е најизразена на истокот на Германија, каде што живеат најмалку од петте милиони муслимани во земјата.

„На истокот од земјата 30 отсто од испитаниците не сакаат да имаа муслимани за соседи, а на западот од земјата оваа вредност е речиси двојно пониска и изнесува 16 отсто“, се наведува во соопштението за јавноста на финдацијата Berltelsmann.

Авторите на студијата овој тренд го доживуваат како опасност за демократијата. „Долгорочно гледано на демократијата ѝ штети кога еден чувствително голем дел од населението, помала група од населението ја доживува како закана“, вели Герт Пикел, еден од авторите на студијата.

Јасемин Ел Маноур, која во фондацијата Berltelsmann, задолжена за религиските истражувања, смета дека оградите кон исламот не би требало да се изедначуваат со непријателството кон оваа вера.

„Дефинитивно непријателски настроени граѓани кон муслиманите, коишто, меѓу другото, и целосно да се запре доселувањето на муслиманите, може да се сметаат само 13 отсто“, оценува Ел Меноур,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.