Повеќе од 10 нови рудници ќе бидат отворени во следните четири години

Повеќе рудници ќе бидат отворени во Македонија во наредните четири години, најави Никола Груевски на денешното претставување на програмата за изборите.

„Наскоро во наредните една до две години ќе се отвораат повеќе рудници во валандовско и источна Македонија. Гришко во Демир Хисар, а од пред некој ден потврда од германскиот гигант во охридско-струшкиот регион. Од завчера и официјалната најава на мултинационален гигант во Кичево за нови 1.000 вработувања,“ изјави тој.

Груевски истакна дека оваа компанија од Америка ја привлекувале цели 5,5 години.