Повеќе од 2.400 лица починале од ебола

Повеќе од 2.400 лица досега починале како последица на заразување од ебола, а вкупниот број на инфицирани се искачил на 4.784, соопштуваат од СЗО.

– Бројот на смртните случаи од ебола расте побрзо од темпото на зголемувањето на способноста на властите за справување со епидемијата, изјави генералниот директор на СЗО, Маргарет Чан.

Таа воедно повика на меѓунардона поддршка за државите кои се најтешко погодени од еболата – Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија и апелираше за испраќање на медицински тимови и лекови во овие три земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.