Повеќе од 500 уапсени после протестот во Хонг Конг

Хонкошката полиција уапсила повеќе од 500 демонстранти кои учествувале во мирниот протест во деловниот центар на оваа поранешна британска колонија, пренесоа медиумите. Демонстрантите се уапсени вчера заради нелегално собирање и спречување на полицијата при вршење на нивната должност, соопштила полицијата, пренел Би-Би-Си.

Мирниот протес е одржан откако вчера повеќе од 510.000 луѓе излегле на улицата  на Хонг Конг во протестен марш барајќи повеќе демократија и граќаните сами да ги избираат своите лидери.

Станува збор за најмасовните демонстрации откако Хонг Конг во 1997 година беѓе вратен под официјална власт на Кина, пренесе Ројтерс. Иако организаторите на демонстрациите очекувале уќество на околу 150.000 луѓе на протестниот марш се собрале повеќе од полвина милион.

Полициски извори наведуваат дека на улиците имало 98.600 луѓе. Еден од организаторите на протестите изјавил дека повторно ќе излезат на улица доколку Кина не одговори на барањето на Хонг Конг за директни избори 2017.

Во неделата е завршен десетдневниот неофицијален референдум за воведување на повисок степен на демократија, на кој гласале приближно 800.000 граѓани. Тоа е скоро една четвртина од 3,47 милиони луѓе кои имаат право на глас на изборите 2012 година, од вкупно 7,2 милиони граѓани на Хонг Конг.

Пред самото одржување на протестот, демонстрантите ја спалиле Белата книга, која минатиот месец ја објавила владата во Пекинг, а во која се наведува дека поголеми ниво на автономија на Хонг Конг може да ја одобри само централната власт во Пекинг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.