За реконструкција на Владата се изјасниле дури 86 отсто од анкетираните Французи по вчерашниот пораз на владејачката левица на локалните избори, пренесуваат денеска француските медиуми.
Дури 80 отсто од испитаниците сакаат премиерот Жан Марк Еро да биде сменет, а фаворит за негово место е министерот за внатрешни работи Мануел Валс. Денеска се очекува претседателот на Франција, Франсоа Оланд да одлучи за судбината на Владата.
Локалните избори одржани во два круга на 23 и 30 март беа испит за владејачките социјалисти, чијашто популарност се повеќе паѓа во корист на десницата, посебно екстремниот десничарски Национален фронт.
Еро и Оланд који дојдоа на власт пред речиси две години, сега по анкетите уживаат поддршка на околу 20 отсто од граѓаните. Французите сметаат дека кандидатот за нов премиер, покрај Влас, може да биде и шефот на дипломатијата Лоран Фабијус, министерот за одбрана Жан Ив Ле Дриан, како и социјалистите Бертран Деланое и Мартин Обри.
Според неофицијални резултати на неделните избори, левицата освои 43 отсто, а опозициската десница 45 отсто од гласовите. Анкетата меѓу граѓаните за владата ја спроведоа весниците Монд и Поен и Радио Франс.