Повиците за бојкот и улична демократија најмногу и одговараат на Грција

Бојкотот и уличната демократија која се заговара од луѓе блиски до Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) по катастрофалниот пораз во првиот круг од претседателските избори единствено и’ одговара на Грција.Знаменосец на ваквата теза дека СДСМ треба да се откаже од демократска трка по гласови и преку бојкот и улична демократија да стигне до власта е новинарот Бранко Героски, кој самиот не крие дека е отворен поддржувач на СДСМ.

Тој на својот Фејсбук профил, но и низ повеќе колумни отворено повикуваше изборите да се бојкотираат, по лошиот резултат од изборите во првиот круг каде СДСМ изгуби со разлика од околу 120 илјади гласа. Со бојкотот на кој повикува Героски, би значело СДСМ да нема свои преставници во Законодавниот дом, да дејствува континуирано од улица, со протести како единствен начин да се спротивстави на актуелната власт.

-Затоа, НЕМА ДРУГ ИЗЛЕЗ освен СДСМ да ги напушти институциите на системот, кои се под целосна контрола на режимот. Тврдам дека со тоа СДСМ само ќе добие. Ништо нема да изгуби, смета Героски.

Героски никаде не спомнува легитимна програма, проекти или реформи кои СДСМ би ги спровел доколку дојде на власт. Познавачите сметаат дека колку и СДСМ да тврди дека е силна и дека народот е незадоволен, изборите се најдобрата анкета и тест на расположението на граѓаните, а тие покажаа огромни 450 илјади гласа за владејачката опција и 120 илјади помалку за СДСМ.

Било каква тенденција изборите да се прикажат за нерегуларни станаа банални, особено кога наjмеродавните институции како ДИК, прогласија дека изборниот процес течел регуларно и со минимални недостатоци.