Повик до штипските земјоделци да ги пријават штетите од ниските температури

Општина Штип ги повика во понеделникот земјоделските производители кои претпрепече штети на земјоделските култури како последица на ниските темперетури изминатиот перод да ги пријават штетите во општината.

Портпаролот на општина Штип, Драган Ристов, изјави дека земјоделците штетите на земјоделските култури можат да ги пријавуваат почнувајќи од понеделникот до петок.

 

„Пријавата може да се подигне од Центарот за информирање на граѓани на шалтер број 1, кое потоа се пополнува и се доставува до архивата на општината. Освен пријавата, потребно е да се достават и копии од лична карта, транскациска сметка, документ за сопственост и изјава за неосигурен имот. Комисијата веќе од вторник, по доставување на првите пријави, ќе излегува на терен и ќе уврши увид. Рокот за пријавување е од денеска до петок, но општината ќе овозможи доставување на пријавите најдоцна до идниот вторник, за оние што имаат потреба од повеќе време за да си ја комплетираат документацијата“, рече Ристов.

 

Комисијата за процена на штети е формирана во 2009 година од страна на Советот на Општина Штип и при секое невреме излегува на лице место и прави увид во поднесените пријави за штета. Според процедурата, комисијата изготвува елаборат и го доставува до Советот, кој по усвојување се испраќа на разгледување и одлучување до Владата.