Повик за неповратни финансии за продавници за органска храна

Неповратни финансии за инвестиции во воспоставување и работа на унифицирани и специјализирани продавници за продажба на органска храна во Скопје ќе додели Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

На објавениот повик што ќе биде отворен до 22-ри следниот месец, право на поднесување барања за користење средства имаат правни лица регистрирани за вршење на дејноста согласно Законот за трговски друштва.

Повикот е дел од мерката 1.4 Помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за годинава.

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 проценти од направените трошоци за опремување на продавницата со исклучок на инвестициите за помошни и санитарни простории, но не повеќе од 600.000 денари, надомест на трошоци за закупнина во висина од 50 проценти од износот на годишната закупнината, но не повеќе од 30.000 денари месечно, како и надомест на трошоци за најмногу две лица вработени за продажба во органската продавницa во висина од 100 проценти од просечната месечна бруто плата во дејноста.

Подетални информации заинтересираните можат да добијат во контакт центарот на Агенцијата на тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса:ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.