Повлечени петте хеликоптери кои требаше да го гаснат пожарот во Пехчево

Поради исклучително високите температури на воздухот, веднаш по пристигнувањето на 5-те хеликоптери на местото на големиот шумски пожар, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување поради ризично зголемување на работната температура, објави на Фејсбук директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

„Хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на температурата на воздухот за неколку степени. Безбедноста на посадата на воздухопловите како и безбедноста на луѓето на земја на прво место“, напиша Ангелов.