Повлекувањето од репрезентацијата најпаметен потег

Плејмејкерот на „Мајами“, Горан Драгиќ не жали за одлуката за повлекување од националниот тим и покрај фактот дека Словенија не се квалификуваше за Светското првенство 2019 година.

Се чувствувам неверојатно, се чувствувам одлично. Мислам дека повлекувањето од репрезентацијата беше еден од моите најпаметни потези бидејќи се чувствувам полн со енергија и многу мотивиран пред новата сезона. Обично на крајот на сезоната ми се случува како да удирам во ѕид, но чувствувам дека оваа сезона ќе биде сосема поинаква приказна, рече Драгиќ во интервју за АП.

Плејмејкерот лани ја предводеше Словенија до златото на Евробаскетот со просек од 22,6 поени по натпревар, а сега за Слоненците е под знак прашање и учеството на Олимписките игри 2020.

Да, но за мене тоа повлекувањето беше вистинската одлука.

Минатата сезона Драгиќ имаше 17,3 поени по натпревар во дресот на „Мајами“.

Сакам да играм на највисоко ниво што е можно подолго. Ако влезете во сезоната без цели тогаш само тренирате без посебно значење. Но ако си поставите цели тоа ќе ве натера напред. Целта ми е да бидам подобар од лани и да не доживеам пад во финишот на сезоната. Сакам да бидам посвеќ и поконстантен, вели 32-годишниот Драгиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.