Поворката на крајната десница во источен Ерусалим, прв тест за новата влада на Израел

(Photo by AHMAD GHARABLI / AFP)

Повеќе илјадници Израелци следени од бројни припадници на силите за воспоставување на редот, минаа во вторникот во поворка низ источниот Ерусалим на повик на крајната десница, што претставува прв испит за новата израелската влада по заканите на палестинското исламистичко движење на Хамас, кои поттикнуваат стравувања од ескалација.

Демонстрантите, меѓу кои млади еврејски активисти, ултрационалисти и крајни десничари, се упатија од ортодоксниот кварт во западен Ерусалим во источниот дел од Светиот град, на плоштадот пред Дамаскинската порта која гледа кон муслиманскиот кварт во Стариот град, каде што е Платото на џамиите, известува репортерот на AFP од теренот.

„Вечниот народ не се плаши од долгиот пат“, пееле демонстранците веејќи ги сино-белите знамиња на тоа место важно за Палестинците во источниот Ерусалим, палестинскиот дел од градот кој меѓународната заедница го смета окупиран од Израел во ткн „Шестдневна војна“ во 1967 година.

Од масата можеле да се слушнат повиците „Смрт за Арапите (Палестинците)“, пренесува репортерот на AFP.

Малку пред започнувањето на оваа „поворка на знамињата“ полицијата го затворила главните сообраќајници кои водат кон Стариот град и го препречила патот на Палестиците до плоштадот пред Дамаскинската порта, поради што избувнал судир во кој настрадале десетина палестински демонстранти, соопштија припадниците на екипи за итна медицинска помош.

Пратениците на израелските Арапи кои дошле на плошадот оваа поворка на Евреите ја оценија како „провокација“.

„Единственото легитимно знаме тука на Баб ал-Амуд (Дамаскинската порта) и во источен Ерусалим е палестинското. Израелското знаме тука е симбол на окупацијата“, изјави за медиумите пратеникот во израелскиот Кнесет, Ахмед Тиби.

Стравувајќи дека собирот ќе изелезе од под контрола, преставникот на Обединетите нации за Блискиот исток, Тор Венеслеанд ги повика „сите страни да ги избегнат провокациите кои може да довеат до нов циклус на судири“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.