13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Повратник од Германија ненадејно почина во казино во Кавадарци

Педесетгодишен повратник од Германија на педесетина години, во саботата вечерта  добил срцев удар во казино во Кавадарци и починал на самото место додека играл игри на среќа.

Оваа информација за МИА ја потврдија Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес и Драган Димитров, раководител на Брза помош Кавадарци.

Според првичните информации, човекот и претходно имал срцеви проблеми во Германија. Засега не се соопштуваат детали за случајот.