Повратникот Нејмар го спаси ПСЖ

Актуелниот француски фудбалски првак Пари Сен Жермен во средбата од петтото коло на својот „Парк на принцевите“ со многу мака го совлада Стразбур со 1:0.

Единствениот погодок на натпреварот го постигна Нејмар со „ножички“ во втората минута од судиското продолжение. Ова беше првиот меч на Бразилецот за ПСЖ сезоната, откако во текот на летниот преоден рок инсистираше да си замине од клубот.

ПСЖ води на табелата со 12 бодови, пред Рен кој има 10, а ги следат Лил, Ница и Анжер со по 9 бодови. Стразбур е 18-ти со три бода.

Во последниот саботен натпревар Бордо со 2:0 го совлада Мец, а двата погодока беа постигнаи на самиот почеток од мечот, Бриан во 7 и Де Превил во 9 минута. Бордо сега е седми со осум бодови, додека Мец е 17-ти со четири.

Монпелје ја победи Ница со 2:1, а без голови завршија дуелите Дижон – Нимс и Брест – Рен.

Во недела на програмата се дуелите Нант – Ремс, Сен-Етјен – Тулуз и Монако – Марсеј.