Повреден градежник во Прилеп

Градеќник бил тешко повреден откако паднал од покрив на хала, вчера во Прилеп, информираше МВР.

Несреќата се случила околу 9 часот во хала на фирма лоцирана на улицата Александар Македонски. Работникот А.Д.(38) од струшкото село Бороец вршел реконструкција на кровната конструкција, но во еден момент изгубил рамнотежа и паднал.

По укажаната лекарска помош во прилепската болница,  А.Д. е префрлен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Полицијата извршила увид во присуство на инспектор за заштита при работа од Министерство за труд и социјална политика.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.