Повреден малолетник по пад од трактор

258

Малолетник од гостиварското село Сенокос бил тешко повреден откако паднал од трактор, информираше МВР.

Несреќата се случила вчера во 9 часот во село Добридол, кога  А.Ч. (25) од село Топлица управувал трактор со приколка. Во еден момен од приколката паднал 16-годишникот од Сенокос, кој со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен од Медицински центар Гостивар.

Поради карактерот на повредите, малолетникот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.