Повреден рудар во рудникот Добрево

Педесет и осум годишен рудар е повреден во рудникот за олово и цинк во Добрево кај Пробиштип.

Според информациите рударот се здобил со скршеници на бутната коска, при возење АКУ локомотива, ногата му била извадена надвор, при што удрил во дрвена потпора која била поставена покрај пругата.

Тој прво бил пренесен во штипската болница, а потоа и на скопските клиники каде му е укажана лекарска помош. Ова е втора несреќа во овој рудник во последниов месец.

На почетокот на септември, рудар од Кратово беше тешко повреден откако голема плоча му падна врз нозете.