Повреден штрк бара помош, удира со клун на прозорци од градинка во Тетово

Штрк веќе неколку дена кружи околу градинка во Брвеница, Тетово, кој бил повреден и удира со клунот по прозорците на градинката.

На вработените им делува како да бара помош и сака да влезе внатре, а тие се обратиле на неколку места и ветеринарни станици.