Повреден велосипедист во сообраќајка во Тетово

Несреќата, како што додаде, се случила вчера околу 16 часот на булеварот „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово кога Б.А. возејќи велосипед бил удрен од патничко возило „Ауди А6“ со тетовски регистерски таблици управувано од Н.Х.(30) од Милетино.

– Повредениот велосипедист со возило бил пренесен во тетовската Клиничка болница и во неконтактибилна состојба задржан е за натамошна опсервација и лекарски третман. По извршениот увид се утврдува причината за несреќата и другите поединости, рече Јосифовски.