Повредена полицајка кога автомобил се забил во паркирано полициско возило

Полициска службеничка е повредена ноќта кон неделата, во сообраќајна несреќа кога автомобил се забил во полициското возило кое обезбедувало место на претходна сообраќајна несреќа.

Синоќа во 02:30 часот на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна незгода во која 34-годишниот Т.Т. од Тетово управувајќи патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки удрил во паркирно патничко моторно возило „шкода јети“ сопственост на МВР, кое обезбедувало лице место на претходно случена сообраќајна незгода, а потоа и во полициски службеник.

По незгодата, таа биле пренесена во Клиничка болница Тетово каде и биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.