Повредена жена во експлозија на плинска боца во нејзиниот дом

На 09.06.2021 околу 12.10 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во дом на ул.„Плавица“ во Пробиштип, сопственост на Ј.Ј.(61) и С.Ј. од Пробиштип, експлодирала плинска боца.

Притоа, со повреди се здобила Ј.Ј. и била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Пробиштип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.