Повредени 13 луѓе по ударот на гром на плажата „Оревче“ – изгореници, проблеми со слухот и претрпен шок кај повредените

Најмалку 13 лица пријавиле повреди или трауми предизвикани од удар на гром во невремето што попладне околу 15 часот го зафати Охридскиот регион, а првичната неофицијална информација беше за повредени две лица.

Според информациите, громот удрил на локалитетот „Оревче“ во близна на плажата кај автокампот Градиште на Охридското Езеро.

Станува збор за лица од повеќе градови од државата, од кои четири се здобиле со изгореници на екстремитетите, додека другите воглавно биле без видливи повреди, но се пожалиле на тегоби од претрпениот стрес, како проблеми со слухот, дишењето…

Интервенирала службата за Итна медицинска помош и повредените се медицински згрижени во здравствените домови во градот.

Слично невреме во Охридскиот регион имаше пред неколку дена, проследено со краткотрајни, но интензивни врнежи од дожд, наместа град и чести електрични празнења.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.