Повредени 14 лица во сообраќајки во Скопје

10

Еден пешак загинал во железничка несреќа изминатото деноноќие во Скопје, а се случиле уште 11 сообраќајни незгоди во кои се повредени вкупно 14 лица од кои четворица потешко, а 10 полесно.

Од потешко повредените еден е возач на мопед, двајца се возачи на мотоцикл и еден е сопатник на автомобил. Во четири сообраќајни незгоди е причинета метаријална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 18 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, 18 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило, како и двајца возачи под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и 13 нерегистрирани возила.

Полицијата издала 33 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 70 возила.

За користење мобилен телефон санкционирани се 17 возачи, а за неносење сигурносен појас 13 возачи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.