Повредени 15 лица во судир на два автобуси и две возила кај Струмица

Петнаесет лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која во вторникот се случила на локалниот пат меѓу струмичките села Банско и Муртино, а во која учествувале два автобуса, теренско возило и еден автомобил.

Од МВР информираат дека несреќата се случила околу 14:20 часот.

Во несреќата учествувале автобус „Ванхул“ управуван од Б.К. (62), автобус „Неоплан“ управуван од Ѓ.Ј.(59), теренско возило „Опел комбо“ со кое управувал 51 годишниот М.М. од село Радово и автомобил „Опел зафира“ која ја возел 26 годишниот Р.И. од Радово, информираат од полицијата.

Со тешки повреди во несреќата се здобил возачот на „Комбото“ М.М. кој по укажаната лекарска помош е задржан во Медицинскиот центар во Струмица. Полесно повредени се сопатник од автомобилот и 13 патници од автобусот „Ванхул“ кои по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид и презема мерки за нејзино целосно расчитување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.