Натпреварот од 8-ти коло на францускиот фудбалски шампионат меѓу Амиен и Лил беше прекинат во 17 минута, а според извештаите на медиумите има 18 повредени навивачи на гостинската екипа.
Натпреварот е прекинат во моментот кога се урнала оградата на трибината на којашто биле гостинските навивачи кои го прославувале водечкиот погодок на Лил. Според извештаите на локалната полициска префектура, повредени се 26 навивачи, од кои четворица се во сериозна состојба.
Каен во гости го совлада Рен со 1:0, благодарејќи на автоголот на Рами Бенсабени во 34 минута. Каен е четврти на табелата со 15 бодови, додека Стад Рен е 15-ти со шест бодови.
Дижон и Расинг Стразбур ги поделија бодовите 1:1, а стрелци беа за домашните Квон Чанг-Хон во 78 минута, и Мартен Терие во втората минута од судиското продолжение. Дижон сега е 17-ти со шест бодови, а Расинг е две места подолу со бод помалку.
Со истиот резултат заврши и мечот меѓу Ан Аван де Гингамп за кој стрелец беше Аркус Турам во првата минута, а изедначи за Тулуз, Сомалиа во 40 минута. Гингамп моментално е 10-ти со 10 бодови, а Тулуз е на 14-то место со 8 бодови.
Нант минимално го совлада Мец, а единствениот гол го постигна Емилијано Сала во 3 минута. Нант е трети со 16 бодови, додека Мец е послен 20-ти со 3 бода.
Претходно фудбалерите на Пари Сен Жермен во дербито на својот „Парк на принцовите“ го декласираа Бордо со 6:2 (5:1). Двоен стрелец за ПСЖ беше Нејмар во 5 минута и во 40-та од пенал, Единсон Кавани беше прецизен во 12 минуа, Тима Меуние постигна гол во 21 минута, Јулиан Дракселр погоди во 45 минута, а Килиан М’бапе вон58 минута. За Жирондин Бордо стрелци беа Јунус Санкаре во 31 и Малколм во 90 минута од пенал.
Водечкиот ПСЖ сега има 22 бодови, три повеќе од вториот Монако кој во петокот на својот терен одигра само 1:1 со Монпелје. Нант е четврти со 16 бодови, а Каен четврти со 15 бодови.
During the match Amiens – Lille the tribune crashed.
#Amiens #Lille #France #Ligue1 #AmiensLille #crash pic.twitter.com/vmh7tOSkUG— HoVo (@kiramijyan) September 30, 2017