Повредени двајца скијачи на Попова Шапка

Во текот на вчерашниот ден две лица беа повредени во судар на скијачките терени на Попова Шапка.

– До сударот дошло кога малолетник од Косово додека скијал удрил во моторна санка што ја управувал 32-годишник од тетовско, вработен во фирмата што стопанисува со скијачкиот центар. Во сударот двете лица се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош – информираат од СВР Тетово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.