Повредени двајца полицајци кај Радишани

222

Утрово во близина на скопската населба Радишани, се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил марка „BMW“ удри во возило на сообраќајната полиција, пишува Алсат.

Во несреќата повредени се двајца полицајци коишто во моментот на несреќата биле во службеното возило. Засега нема детали околу причината или околностите што довеле до несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.