Повредени двајца рудари во Тораница

Двајца рудари биле повредени вчера во рудникот Тораница, информираше МВР.

Според полицијата, околу 14.40 часот во Здравствен дом Крива Паланка за укажување на лекарска помош биле донесени лицата В.М.(41) од село Дурачка река и Н.С.(40) од Крива Паланка, рудари во рудникот Тораница.

По укажана лекарска помош В.М. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување, додека кај Н.С. биле констатирани лесни повреди и е задржан за понатамошно лекување во Здравствен дом Крива Паланка.

Според полицијата, рударите биле повредени при вршење на ископ во рудникот, каде се одронила  руда. Извршен е увид на местото на настанот од страна на полициски службеници, трудов инспектор, државен рударски инспектор и претставници од рудникот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.