Повредени две лица во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод

На 07.10.2021 во 14.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, на крстосницата кај с.Мажучиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел фронтера“, управувано од Д.Р.(26) од с.Лажани, прилепско и патничко возило „ауди“, управувано од Р.Ф.(37) од с.Десово, прилепско, и двете со прилепски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „ауди“, Ѓ.Т., а со телесни повреди се здобил возачот од другото возило, Д.Р, констатирани во Градската болница Прилеп, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.