Повредени маж и девојче пешаци и двајца возачи во тешка сообраќајка во Скопје

архивска илустрација

Двајца пешаци, маж и малолетно девојче, се тешко повредени а уште двајца возачи минале со полесни повреди во соообраќајна несреќа се одигра во понеделникот доцна вечерта во е повредени во Скопје

Сообраќајниот инцидент се случил околу 22 часот кога било пријавено дека на крстосница на булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“, во кој учествувале патничко возило „гранд чироки“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Б.Ц.(33), патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот С.М., како и двајца пешаци Ќ.А. на 44 години и малолетничка, сите од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата пешаци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.