Повредени три девојки откако возило излетало од патот

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на регионалниот пат Зрновци- Грдовци, во близина на мостот на реката Брегалница.

Според информација од полицијата, патничко возило „цитроен“, управувано од А.М.(31) од населба Оризари, излетало од коловозот.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.С.(21), а со телесни повреди се здобиле уште две сопатнички А.А.(23) и Д.С.(25), сите три од Кочани, констатирани во Општата болница Кочани“, информира полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кочани.