Повредени три лица во сообраќајка кај „Авто камп Отешево“

На 05.03.2022 околу 18:25 часот било пријавено дека на пат во близина на „Авто камп Отешево“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(38) од Ресен и патничко моторно возило „опел зафира“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ц.Ј.(50) од с.Стење.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Ц. (43) од с. Стење, сопатничка во возилото „опел зафира“ а со телесни повреди се здобиле М.Т. (61) и М.Ј. (47) од с. Евла, сопатнички во возилото  „опел астра“,  на кои им е укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Ресен.