Повредени тројца косовски полицајци

Тројца косовски полицајци синоќа се повредени во престрелка, во општина Зубин Поток, во северниот дел на Косово, пренесува Танјуг.

Еден од повредените е пренесен во болница во Косовоска Митровица, а останатите двајца побарале лекарска помош во Зубин Поток.

Косовските медиуми јавуваат дека се повредени полицајци од српска националност, прпадници на пограничната полиција.

Според изјавата на директорот на здравствениот центар, Милан Ивановиќ, во престрелката а е повреден Оливер Кузмановиќ, кој се здобил со повреди на градниот кош и стомакот.