Повредените кај Ласкарци ослободени од плаќање партиципација за здравствени услуги

Владата на денешната седница донесе одлука со која повредените во автобуската несреќа кај Ласкарци ги ослободи од плаќање партиципација за здравствени услуги.

На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за ослободување од обврската за плаќање на учество (партиципација) при користење на здравствените услуги од страна на повредените патници во сообраќајната несреќа која се случи на 13.02.2019 година на патот Скопје -Тетово, кај селото Ласкарци, во знак на солидарност и сочувство со фамилиите на починатите и повредените, информираат од Владата.

Од катастрофалната несреќа која се случи на 13 февруари годинава кога автобус излета од автопатот Скопје-Тетово, имаше вкупно 16 жртви, а над 30 беа повредени

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.