Повредено 15-годишно момче на патот Миладиновци – Илинден

Петнаесетгодишно момче е тешко повредено на локалниот пат Миладиновци – Илинден откако на него налетал  „цитроен“.

Полицијата соопшти дека момчето туркало трицикл на патот кога на него налетало патничко возило со кое управувал М.Н.(50) од Миладиновци. Во незгодата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.