Повредено цело семејство откако Албанец со шлепер удри во автомобил на охриѓани

На 25.01.2023 во 18:50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат с.Подмоље– Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканиа“ со приколка, со албански национални ознаки, управувано од О.П.(39) од Република Албанија и патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Д.(40) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот од патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници од истото возило, Ц.Д.(43) и малолетник од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.