Повредено дете велосипедист

зелениково
Полицијата денеска информира дека на влезот од селото, се судриле возило „Рено Меган“ со скопски регистерски ознаки управувано од страна на 33 годишно лице од селото Зелениково и велосипед управуван од девет годишен малолетник од селото Студеничани.
Во незгодата со тешка телесна повреда и тоа скршена бутна коска се здобило детето.
Му била укажана лекарска помош во Ургентниот Центар во Скопје. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.