33.8 C
Skopje
понеделник, јуни 24, 2024

Повторно дојава за бомба– учениците од „Јосип Броз Тито“ евакуирани, полицијата го блокира центарот на Скопје

Утрово само што започнала наставата во средното училиште „Јосип Броз Тито“ повторно имало дојава за бомба.

По оваа информација, учениците веднаш се евакуирани и пуштени надвор од училиштето.

Полицијата во моментов е на терен, а повеќе информации следуваат многу набрзо…

Инаку ова е осма дојава за бомба, а првата се случи истиот ден кога во посета на земјава беше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.