Повторно дојава за бомби во седум средни училишта

Во неколку скопски средни училишта денеска повторно имало дојави за поставени бомби.

Евакуирани се ученици во седум училишта, меѓу кои и од „Јосип Броз-Тито“, „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Панче Караѓозов“…

Од МВР велат дека ги проверуваат информациите за новите дојави за поставени бомби.