Повторно е отворен граничниот мост меѓу Канада и САД, кој беше затворен заради експлозија на автомобил

Граничниот мост меѓу САД и Канада, затворен завчера по експлозија на автомобил во близина на Нијагарините водопади, денеска е повторно отворен, објавија канадските власти.

„Патничкиот сообраќај се нормализира на граничниот премин на Нијагарините водопади „Рејнбоу бриџ“, соопшти канадската агенција за гранични услуги.

Граничниот премин, еден од главните копнени премини меѓу двете земји, беше затворен во средата откако во експлозија на големо возило загинаа две лица.

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) заклучи дека се работи за несреќен случај, бидејќи имало сомневање за напад додека САД се подготвувале да го прослават Денот на благодарноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.